Вашата недела на бременост се пресметува од првиот ден од последната менструација. Околу 14тиот ден од менструацијата настанува овулација (или неколку дена пред/потоа во зависнот од траењето на менструалниот циклус). Во рок од 24 часа од овулацијата, настанува оплодување на јајце клетката со сперматозоидот. Пет до шест дена по овулацијата, настанува вгнездување на оплодената јајце клетка во матката, или имплантација.
Вие:
-Доцнење на менстраулен циклус
-Најточен начин да потврдите дека сте бремени е да направите тест за бременост. Доколку резултатот е позитивен, треба да закажете преглед кај вашиот гинеколог-акушер.
Работи на кои треба да обрнете внимание:
Земање фолна киселина од 400 микрограми додека пробувате да забремените и во тек на бременоста до 12 г.н., земање на витамин Д 10микрограми дневно, престанете со пушење, избегнувајте внесување на алкохол, недоволно термички обработена храна и месо, млади сирења, ограничете го внесот на кафе, избегнувајте суплементи со високи дози мултивитамини, особено витамин А.
Зошто е важно да земате фолна киселина пред и за време на бременоста?
Фолна киселина е витамин од грпата Б, што помага во спречвање на дефекти при формирањето на невралната цевка кај бебето и сериозни абнормалности кај мозокот и рбетот. Нејзин недостаток придонесва и за ниска родилна тежина и превремено породување. Синтетичката форма се наоѓа во форма на сплементи за бремени жени во форма на folic acid. Добри извори на фолна киселина се: житарици, спанаќ, грав, грашок, кикирики, портокали. Потребно е да внесувате суплементи со 400 микрограми фолна киселина на ден, 3 месеци пред бременоста и првите три месеци од бременоста. Ако бремените жени ја земаат препорачаната количина на фолна киселина се спречуваат 50 – 70% од оштетвањето на невралната цевка кај ембрионот. Треба да нагласиме дека постојат група на пациентки, кај кои не може да се ресорбира фолната киселина и во тој случај се дава Methylfolate, но за тоа секако треба да се консултирате со Вашиот гинеколог-акушер уште кога ќе почнете да планирате бременост.