Контрацепција е постапка, метода со која се спречува непланирана бременост.
Одлуката за избор на контрацепција најдобро се носи во договор со гинеколог кој ќе ги земе предвид потребите, начинот на живот и сите здравствени и други околности на парот кој се одлучува за контрацепција. Денес, постојат бројни контрацептиви и методи кои не само што штитат од бременост, туку имаат и благотворно влијание врз здравјето на жената.
Со изборот на контрацепција, парот покажува зрелост и одговорност во планирањето на семејството и на тој начин си обезбедува дополнителен квалитет на секојдневието.