Гинекологија

Вовед

Гинекологија е специјалност која се занимава со женското здравје со фокус на женскиот репродуктивен систем (вулва, вагина, матка, јајцеводи, јајници) и опфаќа дијагностика, лекување и предлог за можен третман за широк спектар на проблеми вклучувајќи:

  • Проблеми кои се однесуваат на бременост, фертилитет, менструален циклус и менопауза
  • Планирање на семејство и контрацепција
  • Сексуално преносливи болести
  • Хормонски пореметувања, синдром на полицистични јајници и ирегиларни крварења
  • Уринарна стресинконтиненција
  • Бенигни состојби на репродуктивниот тракт, на пример цисти на јајници, миоми и др.
  • Премалигни состојби, како што се задебелување на ендометриумот и цервикална дисплазија (ЦИН)
  • Карциноми на репродуктивниот систем
  • Конгенитални аномалии на репродуктивниот систем
  • Итни состојби во гинекологијата
  • Ендометриоза
  • Болки во малата карлица и воспалителни процеси
  • Пореметување на финкцијата или заболување на органите во адолесцентниот период

  • СЕ СОВЕТУВА КОНТРОЛЕН ГИНЕКОЛОШКИ ПРЕГЛЕД ЕДНАШ ГОДИШНО! По потреба и почесто доколку постојат симптоми или жената е загрижена за здравјето на репродуктивните органи.

    Гинеколошки услуги


  • Гинеколошки преглед

  • Ултразвучен преглед на малата карлица

  • Колпоскопски преглед

  • ПАП Тест

  • ХПВ Тест

  • ХПВ Вакцинација

  • СТД Панел

  • Микробиолошки брисеви

  • Третман на гинеколошки инфекции

  • Систематски прегледи

  • Закажи
    преглед