Се смета дека една од осум жени ќе развие рак на дојка до 75-та година од животот. Редовниот скрининг на дојката може да помогне да се открие ракот во рана и поизлечива фаза. Скринингот, исто така, може да открие проблеми во градите кои не се рак. Појавата на симптомите на карцином на дојка не мора да значи станува збор за малигна болест.
Сепак апсолутно е од витално значење да разговарате за нив со вашиот лекар што е можно побрзо.
На светско ниво карциномот на дојката е најчест рак кај жените, афектирајќи околу 10% од женската популација во некоја етапа од животот.
Ехо на дојки е сосема безболна метода за рано откривање на болести на дојката – која секоја млада жена, девојка треба да ја направи барем еднаш годишно.
Мамографијата претставува детален скрининг на дојките и вообичаено се прави кај жени по 40-тата година од животот. Доколку постои историја на болеста во семејството или некакви симптоми истата се препорачува и кај помлади пациентки со одлука на доктор специјалист.