Стерилитет

Вовед

Третманот за неплодност се презема во случаи кога брачната двојка има незаштитен полов однос без бременост во период од една година. Патот до решавање на овие проблеми понекогаш е краток а често долг и неизвесен. Се смета дека зачестеноста на инфертилитето е 10- 15%.
Причините треба да се бараат во:
1. Се подоцна одлука на жените за бременост и мајчинство
2. Зголемена стапка на сексуално преносливи болести и воспаленија на малата карлица
3. Значајно намалување на фертилноста на мажите.
Затоа, на овој пат неопходно е да имате правилни насоки за успешна дијагностика и лекување.
Трите најголеми групи причинители на неплодност се инфекции, хормонски заболувања и анатомски аномалии. Според тоа, во дијагностика најмногу се користат микробиолошки и лабораториски тестови, хормонски анализи, ултразвучни прегледи и хистероскопија.
По неинвазивната дијагностика, доколку е потребно, се применуваат оперативни дијагностички процедури како што е лапароскопија. Доколку не дојде до посакуваната бременост по процедурите и можниот третман, парот може да се советува за методите на асистирана инсеминација или ин витро оплодување.

Услуги

  • Испитување на причината за стерилитет
  • Хормонален статус, инсулинска резистенција, пореметување на тироидни хормони
  • Одредување на оваријална резерва
  • Дијагностика и третман на полицистични јајници
  • Дијагностика и третман на пореметување на менструалниот циклус
  • Ултразвучна фоликулометрија на спонтан и стимулиран циклус
  • Стимулација на овулација со различни протоколи
  • Интраутерина инсеминација (IUI)
  • Подготовка за Ин Витро фертилизација (IVF)
  • СПЕРМОГРАМ

  • Закажи
    преглед