Бременост

Вовед

Процесот при којшто доаѓа до соединување на женската (јајце-клетка) и машката (сперматозоид) гамета се нарекува оплодување. Тоа се случува за време на овулација (плодни денови) кај жената во јајцеводот. Оплодената јајце клетка потоа патува до матката, каде што се вгнездува во слузницата на матката наречена децидуа (тој процес се нарекува имплантација). Подоцна се формира ембрионот и плацентата, која го поврзува ембрионот во развој со матката и на тој начин ја овозможува неговата исхрана преку крвните садови на мајката. Папочната врвца го поврзува фетусот со плацентата.
Во просек, целосната бременост трае 40 недели. Постојат многу фактори кои можат да влијаат на бременоста. Жените чија бременост е рано дијагностицирана и контролирана имаат поголема веројатност да имаат здрава бременост и да родат здраво дете. Важно е да знаете што да очекувате за време на бременоста и да го одберете својот гинеколог кој ќе Ве води низ целата бременост и ќе се грижи за Вашето и здравјето на Вашето бебе.

Услуги


  • Дијагностицирање и следење на интраутерина бременост (раст и развој на плодот, рана детекција на можни аномалии на плодот)
  • Дијагностицирање ектопична бременост
  • Испитување и третман на повторливи спонтани абортуси
  • Цервикометрија
  • Физиолошки и високоризичен мониторинг на бременост
  • Следење на ризична бременост, рана детекција на интраутерин застој во растот на плодот, рана детекција на ризик од прееклампсија
  • Испитување на состојбата на фетусот
  • CTG прегледи
  • УЛТРАЗВУЧЕН СКРИНИНГ во прв, втор и трет триместар на бременост (Д-р Павлина Коруноска)

  • Закажи
    преглед