Работиме посветено да обезбедиме подобро здравје и грижа за сите жени
Подобро здравје и грижа за сите жени
Акушерска нега за здрава мајка и здраво бебе
Достапност и персонализиран пристап за третман
Специјалистичката гинеколошко-акушерска ординација ПЗУ Коруноски МВР датира од 2007 година. Во процесот на работа ги применуваме најновите методи, протоколи и меѓународните стандарди за превентивни прегледи, дијагностички и терапевтски услуги од периодот на адолесценција, преку репродуктивниот период до периодот на постменопаузата. Посветеноста, индивидуалниот и сеопфатниот пристап кон пациентите, се дел од нашите темелни принципи. Нашиот посветен тим на реномирани специјалисти ги користат најновите технологии и современа опрема кои се гаранција за врвен квалитет на услугите. Позади нас се илјадници здрави пациенти, успешни бремености и нови животи.
Интро за услугите
Гинеколошкиот преглед е важен за одржување на здравјето на женскиот репродуктивен систем и за раното откривање и третирање на било какви проблеми или заболувања.
Гинекологијата е важна за одржување здравје на жените, како и за планирање и поддршка во случај на бременост и породување.
Бременоста е состојба при која жената носи и развива ембрион во нејзината утроба.
Процесот на бременост трае приближно 40 недели, поделени во три триместри. Во текот на бременоста, телото на жената се менува како би го поддржало развојот на фетусот, што вклучува физички, хормонални и емоционални промени.
Прегледот на дојки е важен дел од рутинската гинеколошка проверка за жените, особено по достигнувањето на одредена возраст или во присуство на фактори за ризик. Како дел од рутина за превенција и лекување.
Прегледот на дојки игра клучна улога во раното откривање и третман на рак на дојка, што значително ја зголемува шансата за успешно лекување.
Планирањето на семејство и контрацепцијата се однесуваат на процесот на намалување на ризикот од непланирани или непосакувани бремености, како и на контролирање на времето и бројот на децата кај паровите.
Главната цел на планирањето на семејството и контрацепцијата е да се обезбеди контрола на фертилитетот, што им дава на паровите можност да донесат контролирани одлуки за своето семејство.
Стерилитетот и инфертилитетот се две состојби поврзани со небозможноста на жената или мажот да зачне дете.
Стерилитет е физичка или анатомска состојба кај која е невозможно да се зачне дете. Стерилитетот може да биде временски или трајен.
Инфертилитетот се однесува на неспособноста на парот да зачне дете иако имаат репродуктивна способност.
Естетска гинекологија е област на гинекологијата која се фокусира на процедури и техники кои се користат за подобрување на изгледот и функцијата на женските полни органи.
Целта на естетската гинекологија е да ја подобри самодовербата и комфоротот на пациентките, како и да ги решава потенцијалните медицински проблеми поврзани со вагиналниот и генитален регион.
- Ехо слики од секој преглед
- Совети и комуникација со доктор
- Следење и закажување
Наскоро на:
Краток опис
Коруноски МВР - Центар
ул. Славко Јаневски 77
Телефон:
02 3222 123 /
072 264 913
Коруноски МВР - Аеродром
ул. 1612 3 Локал 5
Телефон:
02 2455 105
dr.korunoski.mvr@gmail.com